ФИА и Формула 1 најавија дека од шестата трка сезонава во Имола ќе воведат нова спецификација на гуми за дожд на кои не им требаат грејачи и ќе овозможат подобри перформанси во студени услови.
Промената во спецификацијата на пневматиците за дожд беше формално одобрена на состанокот на Ф1 комисијата одржан во вторник во седиштето на Ф1 организацијата во Лондон, откако Пирели изврши успешни тестови на новите гуми во соработка со тимовите.
Новата спецификација беше претставена по наменските тест сесии за влажно време спроведени од неколку тимови во текот на зимата и првично беа насочени кон 2024 година кога грејачите на гумите треба постепено да се укинат и за суви и за влажни гуми.
Комисијата на Ф1, исто така, потврди дека новиот проект за пакет за влажно време, кој ќе вклучува болиди опремени со лакови на тркалата дизајнирани да го намалат прскањето на вода, ќе биде тестиран на патеката за големата награда на Имола оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА