Борусија Дортмунд го обезбеди првото летно засилување

Реми Бенсебаини, репрезентативецот на Алжир, и актуелен член на Борусија Менхенгладбах на лето се сели во Борусија Дортмунд. „Милионерите“ веќе се договорија со левиот бек, и во следните недели ќе биде официјализиран и трансферот. Тој доаѓа како слободен играч, со оглед дека на лето му истекува договорот со Борусија М.

Алжирецот во минатото играше за Рен, Монпелје, Лирс, и во алжирски Параду. За Алжир има одиграно 51 натпревар. Тој пристигна во Борусија М. во 2019 година, и добро му е позната Бундеслигата.

„Милионерите“ на лето може да го продадат Рафаел Гереиро за кого има интерес од Барселона, а Бенсебаини би требало да биде негова замена. Но, и да остане Гереиро, токму левата бековската позиција е проблематична за тимот од Дортмунд, со оглед дека Португалецот пропушти голем дел на натпревари поради повреда.

Се вчитува...