Ал Феиха има предност од 0-1 на полувремето на гостувањето против Ал Тавон во 18. коло од шампионатот на Саудиска Арабија, а сето тоа благодарение само на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.
Во 31. минута од средбата, Трајковски на извонреден начин со волеј удар ја зафати топката по нафрлувањето на Нигериецот Нвакаеме, сместувајќи ја под самата греда од голот на немоќниот домашен голман.
Трајковски, стартувајќи го денешниот натпревар, игра во одлична форма за Ал Феиха постигнувајќи го и вториот гол сезонава откако во претходното коло со гол донесе бод (1-1) за својот тим на гостувањето против Дамак.
هدف الفيحاء الاول في مرمى التعاون ألكسندر ترايكوفسكي د31 ⚽️#التعاون_الفيحاء#جولة_يوم_التأسيس
pic.twitter.com/moIZ6DylsU— ملخصات الكرة السعودية 💚 (@Saudi1_football) February 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА