Добитната комбинација не се менува: Наполи го продолжи договорот на Спалети

Наполи игра сезона за восхит. На прагот е да стигне до трофејот во италијанското првенство, блиску е и до пласман во четвртфиналето во Лигата на Шампионите па единствената логична опција, продолжување на соработката со Лучано Спалети ќе биде остварена.

Италијанскиот клуб има опција автоматски да го продолжи договорот на 63-годишниот стратег кој го превзема тимот во 2021 година на трета година за 2.7 милиони евра која ќе биде искористена, пренесуваат италијанските медиуми.

Наполи има предност од 15 бода прев второпласираниот Интер со што е на добар пат да го освои првото Скуденто по 33 години пауза.

Се вчитува...