Полувреме во Левице: Со почетничка грешка од „+5“ до „-6“ по 20. минути игра

Македонската кошаркарска репрезентација има негатива од 44-38 на полувремето од натпреварот против Словачка во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Лошото отварање на натпреварот и изгубените топки во транзиција кои наместо лесни поени за „црвено-жолтите“ донесоа предност за Словачка на спротивната страна и ја донесоа и иницијативата на домаќините од самото отварање. А, и покрај тоа што избраниците на Јончевски со добри минути во втората четвртина успеаја да стигнат и до целосен предсврт (29-34), лошата одлука на Робев во одбарната која донесе неспортска лична грешка целосно го промени ритамот во финишот на првото полувреме.

Словаците поентираа шест поени во еден напад, ја превземаа предноста и овој пат повторно ја задржаа до крајот на четвртината за +6 пред вторите дваесет минути.

Со 8 поени и 4 скока Маслинко е прво име во нашиот состав, а на спротивната страна 13 поени и 4 асистенции забележа Крајчовиќ.

Се вчитува...