Лука Дончиќ постигна 28 поени, Кајри Ирвинг дополни со 23 поени, а Олстар-двојката првпат дојде до победа пред навивачите на Далас, славејќи против Сан Антонио со 142-116 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Далас серијата од три едноподруго порази ја прекина со убедливата победа, во која Дончиќ покрај 28 поени имаше и 10 асистенции и седум скока кога замина на клупа по три четвртини. Ирвинг потоа постигна или асистираше за 13 едноподруго поени во последната четвртина.
Далас дојдоа до 32-та победа сезонава па се на позиција која гарантира директен пласман во плејофот.
Денвер продолжува кон првото место на Западот. Запишаа вреден триумф над Кливленд од 109-115. Никола Јокиќ постигна нов трипл-дабл од 24 поени, 18 скока и 13 асистенции.
Портланд е се подалеку од плејофот откако загуби на гостувањето од Сакраменто со 116-113, а Бостон после голема драма славеше над Индијана со 138-142, додека Јута против Оклахома со 120-119.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

