Заедно со Луис Скола и Пау Гасол, легендарниот Кармело Ентони ќе биде амбасадор на ФИБА на Светското првенство во кошарка што ќе се игра летово. Пау, Луис и Кармело ќе го промовираат Мундобаскетот кој ќе се игра од 25. август до 10. септември во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Кармело во петок во Манила ќе го следи квалификацискиот натпревар за СП меѓу Филипините и Либан и на тој начин ќе се подготви за се што го очекува на крајот на август како амбасадор на натпреварувањето.
„Бев горд што ги претставував САД на најголемата светска сцена, а Светското првенство е најтешкото натпреварување во меѓународната кошарка. Се работи за наоѓање совршена рамнотежа помеѓу талентот, индивидуалните квалитети и одличната хемија. Со нетрпение очекувам да ги поддржам сите играчи на Светското првенство оваа година и да го прославам спортот на глобално ниво“, изјави Ентони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

