Баерн Минхен минатата сабота е поразен од Борусија Менхенгладбах со 3:2, со што беше стигната на табелата од Унион Берлин и од Борусија Дортмунд, па најтрофејниот германски клуб ја загуби предноста која ја имаше на зимската пауза.
Една недела после натпреварот, „Билд“ открива дека во соблекувалната на „Баварците“ не е се како треба, а доволен доказ за тоа е скандалот со Лерој Сане.
Крилниот фудбалер наводно задоцнил на собирот на екипата пред летот за Менхенгладбах, па Наглесман наредил да се тргне кон аеродромот без него. Меѓутоа Сане со својот автомобил успеал да стигне на аеродромот, па на крајот отпатувал во Менхенгладбах. Нагелсман го остави на клупата, па го стави да игра на почетокот на вториот дел.
Билд исто така пишува дека ова не му се случува првпат на Сане, и дека Нагелсман наредил казна за германскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

