Кошаркарите на Црвена Звезда го доживеаја и 14-от пораз сезонава во Евролигата, во 25. коло на домашен терен дозволувајќи пораз од Алба Берлин со 72-87.
А црвено-белите одлично го почнаа натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 25-15. Сепак, се понатака беше во знакот на гостите.
Црвена Звезда на полувремето замина со предност од пет поени (44-39), за да комплетниот пресврт се случи во второто полувреме кое комплетно им припадна на Германците, на крај и со победа од 15 поени разлика (72-87).
Најефикасен во победничкиот тим беше Ло Маодо со 24 поени, а кај Црвена Звезда се издвои Филип Петрушев со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА