Кошаркарите на Барселона ја продолжуваат активната битка со Олимпијакос и со Реал Мадрид за врвот од табелата во Евролигата, откако во 25. коло славеше во дерби пресметката против Монако со 80-70.
Каталонскиот тим низ неизвесен натпревар триумфот го обезбеди во последната четвртина, и покрај тоа што од самиот почеток создаде разлика која ја одржуваше постојано низ сите периоди од играта.
Гостите единствено се заканија во финишот на третата четвртина и почетокот на последниот период кога дојдоа и до негатива од три поени, но не успеаја да дојдат до целосен пресврт, на крај за триумф на Барселона од 80-70.
Најдобар поединец во редовите на победничкиот тим беше Саторански со 15 поени, а по 12 поени запишаа Јан Весели и Кори Хигинс. Кај Монако, Мајк Џејмс запиша 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА