Легендарниот Свен Горан-Ериксон прекинува со фудбалот поради здравствени проблеми

Легендарниот шведски тренер Свен Горан-Ериксон објави дека ја завршува својата фудбалска кариера. До неодамна 75-годишниот Швеѓанец работеше како спортски директор во Карлштад, во третата шведска лига.

Во минатото Ериксон беше тренер на Лацио, Рома и Манчестер Сити, а беше и селектор на Англија. Тој не кажа со каков здравствен проблем се соочува.

„Донесов одлука да ги прекинам моите фудбалски активности поради здравствени проблеми, поради кои во моментов одам на прегледи. Фокусиран сум на моето здравје и на семејството, па мојата работа во Карлштад ќе биде ограничена. Благодарност до сите пријатели за поддршката и за почитување на мојата приватност“, рече Ериксон.

Се вчитува...