Последнопласираниот тим на табелата во Шпанија, Елче имаше водство од 2-0 во дуелот со Бетис. Потоа со добиени два црвени картони во краток рок, се се смени.
Бетис успеа да дојде до пресврт, откако реализираше два од трите досудени пенали, а до победата стигнаа во петтата минута од надополнувањето, а потоа уште еден играч на Елче доби исклучување надвор од теренот.
Трите црвени картони и трите пенали ги изнервирале челниците на Елче кои имаа многу да им кажат на судиите после мечот. Делегатот на натпреварот во записникот по мечот ги изнел навредите на челниците на Елче на сметка на судиите.
„Кога по завршувањето на натпреварот влеговме во тунелот, еден од сопствениците на клубот кон мојот помошник му рече дека е ку*вин син. Полицијата мораше да го смирува. Потоа на вратата на нашата соблекувална ни порача дека нема да излеземе оттука“, стои во исказот на главниот судија Инглесијас Вилјанеувa.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

