Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Осло: Се бара формула за враќање на победите

После поразот од Словачка, кошаркарите директно заминаа во Осло, на второто гостувањето во последниот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Најдобрите кошаркари во недела навечер во 18 часот го играат последниот меч во овој циклус.

Мечот е важен за избраниците на Александар Јончевски за конечниот изглед на табелата во „Д“ групата. Веднаш по доаѓањето во Осло и краткиот одмор, националите го одработија првиот тренинг во „Нордстранд“ Арената.

Инаку во истата сала Македонија ќе има подоготовка и вечерва од 18 до 19:30 часот, а исто така ќе тренираат и утре од 10 до 11 часот.

Се вчитува...