Нов договор за Златко Далиќ во Хрватска

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ, ќе остане селектор и понатаму откако хрватската куќа на фудбалот најавува наскоро дека ќе се потпише нов договор. Актуелниот договор на Далиќ е до ЕП 2024 година, но сега ќе му биде понудено да ја води селекцијата до СП 2026 година.

Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година, и во неговиот мандат „коцкестите“ играа во завршницата на две светски првенства. Во Русија во финалето загубија од Франција, додека во Катар беа елиминирани во полуфиналето од Аргентина, и го освоија третото место.

Далиќ беше поврзуван со неколку клубови, меѓу кои и со Ајакс, како и со селекцијата на Бразил, а претходно одбиваше и неколку понуди од Кина, Саудиска Арабија и Катар.

Се вчитува...