Струга ТЛ ио Македонија ЃП играат прво полувреме без голови и тоа благодарение на голманот Христијан Стевковски кој му одбрани пенал на Бесарт Ибраими.
Напаѓачот на Струга ТЛ беше срушен од Христијан Пецов, по што се реши самиот да го изведува пеналот, меѓутоа Стевковски ја прочита страната и му го одбрани ударот. Во финишот на првиот дел Адама Самаке доби втор жолт картон, и беше исклучен, со што гостите во вториот дел ќе бидат со 10 играчи на теренот.
Тоа беше воедно и единствената шанса на мечот. Македонија ЃП не се закани посериозно по голот на Ќосевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА