Струга ТЛ промаши и втор пенал на средбата со Македонија ЃП, и пропушти уште една голема шанса да дојде до водство. Ѓорѓи Стоилов стартуваше над Радески, по што вторпат беше покажано на белата точка.
Бесарт Ибраими повторно ја презеде одговорноста, но откако првиот пенал му беше одбранет од Стевковски, сега го погоди левиот дирек од голот на Македонија ЃП. Голманот на „лавовите“ и овојпат му ја прочита намерата, но топката удри во дирекот и се одби во поле.
Инаку гостите од Скопје играат со играч помалку откако во 45. минута беше исклучен Адама Самаке, кој доби втор жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА