Наполи и натаму сигурно чекори кон Скудетото, откако вечерва оствари нова победа во Серија „А“. Лидерот на табелата без голема мака го совлада тимот на Емполи со 0-2, со два гола во првото полувреме.
Автоголот на Исмајли ги израдува симпатизерите на гостите во 17. минута, а девет минути подоцна трите бода беа поблиску по голот на Осимен во 28. минута.
Работите околу резултатот не ги смени ниту црвениот картон на Марио Руи во 67. минута. Наполи не само што ја одбрани предноста, туку имаше и шанси за трет гол во финишот од средбата преку Осимен и Симеоне.
Елиф Елмас го почна натпреварот од клупата, и влезе во игра во 71. минута на местото на Кварацхелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА