Реал Мадрид полека заостанува во битката за титулата, откако денеска на „Сантијаго Бернабе“ освои само бод во мадридската пресметка со Атлетико.
„Кралевите“ имаа играч повеќе од 64. минута, но 14 минути подоцна Атлетико стигна до шокантно водство преку Хименез.
Младиот 18-годишен Алваро Родригез го спаси кралскиот тим од пораз, постигнувајќи убав гол во 85. минута, но само за бод. Сега Реал има негатива од седум бодови од првото место, а Барселона има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА