Главоболки за Симеоне: Дефанзивецот ќе паузира шест месеци

На вчерашното мадридско дерби, играчот на Атлетико Реинилдо заработи тешка повреда поради која ќе биде надвор од терените во следните шест месеци.

29-годишниот интернационалец од Мозамбик мораше да го напушти теренот во 23. минута поради повреда, а подоцнежните анализи ќе покажат дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти, повреда поради која ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

„За жал остануваме без Реинилдо во следните 6-7 месеци. Тој заработи тешка повреда“, изјави Симеоне по мечот.

Се вчитува...