Валенсија го совлада тимот на Реал Сосеидад во последниот натпревар во Ла Лига вечерва. Тимот од Месталја успеа минимално со 1-0 да слави триумф, и да избега од опасната зона.
Валенсија пред неколку дена го промовираше Рубен Бараха за свој тренер, и таа „шок терапија“ даде плод.
Победничкиот гол за „лилјаците“ практично беше автогол на Зубелдија во 40. минута од средбата. Ова беше првиот триумф за Валенсија во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

