Мемфис најде лек за Јокиќ и лесно го преслуша Денвер

Мемфис славеше над Денвер со 112-94, целосно исфрлајќи го од ритам тимот со најдобар скор во НБА-лигата и рутински триумфирајќи. Пресудно беше првото полувреме во кое домаќините на момент имаа и дури 30 поени разлика, создавајќи предност со која предвреме си ја осигураа победата. Клучна беше агресивната одбрана врз Никола Јокиќ, српскиот центар од самиот почеток се жалеше на модринките што ги доби од дуелите со противниците, а откако судиите не го променија критериумот, гостинскиот тренер Мелоун реши во второто полувреме да го повлече својот најдобар играч од теренот за да не ризикува повреда.

Џа Морант беше најефикасен во победничкиот тим со 23 постигнати поени, додека Јокиќ го заврши мечот со 15 поени, 13 скокови и две асистенции за 27 минути игра.

Бостон во дербито на источната конференција како гостин ја совлада Филаделфија со 107-110. Ембид одигра фантастичен меч за Филаделфија постигнувајќи 41 поен и 12 скокови, но последниот збор го имаше Тејтум, кој постигна тројка за победа на една секунда до крајот на овој драматичен натпревар.

Резултати НБА:

Шарлот – Мајами 108-103, Орландо – Индијана 108-121, Њујорк -Њу Орлеанс 128-106, Мемфис – Денвер 112-94, Филаделфија – Бостон 107-110, Јута – Сан Антонио 118-102.

Се вчитува...