Абердин по подолго време повторно е во Топ 6 зоната која носи во плејофот од шкотската Премиер-лига, а најзаслужен за тоа е Бојан Миовски. Македонскиот ас блесна во вистински момент, постигнувајќи го голот за победа во финишот од првото полувреме, вкупно 15. за Миовски во Премиер-лигата, со што нашиот интернационален е убедливо најдобар стрелец во својот тим.
Пофални зборови за него имаше и тренерот на Абердин, Бери Робсон, кој не го криеше задоволството по значајниот триумф над Ливингстон, директен ривал за шестото место на табелата.
„Лесно е да си тренер на Бојан Миовски. Секогаш му велам иста работа, трчај брзо, давај голови… и тој го прави тоа. Го направи тоа и денеска против Ливингстон, што беше многу важно бидејќи ова беше значаен натпревар за нас. Ливингстон секогаш настојува да ја прекинува играта и темпото да биде што е можно побавно, но Миовски даде гол и ги исфрли од ритам гостите“, изјави Робсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА