Два експресни гола на четирите денешни натпревари од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во дербито на колото веќе во 4. минута Силекс го „смрзна“ Шкупи.
Милосављевиќ со извонреден еврогол директорно од слободен удар од 18 метри погоди за водство на Силекс од 1-0.
Во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, пак, Брегалница исто така уште во 4.минута поведе со 0-1 против Работнички. Одлична акција по десната страна на Ѓорѓиев кој нафрли пред голот на „романтичарите“ каде Иван Николов од неколку метри погоди за 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА