Полувреме во Осло: 20 минути не делат од главни квалификации за Евробаскет 2025

Македонската кошаркарска репрезентација е на добар пат да ја забележи петтата победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025 која воедно ни носи и директен пласман во главните квалификации откако на полувреме од гостувањето кај Норвешка има предност од 26-45.

Македонија води уште од отварањето на натпреварот благодарение на предноста која ја прави Ти-Џеј Шортс во нападот, но и на гранитната одбрана на нашите репрезентативци врз клучните противнички играчи. Само тројца во „црвено“ (Фреј, Јавара и Берг) имаат постигнато повеќе од еден обид од поле, па овие сегменти од играта се клучниот фактор за позитивата од 19 поени на полувреме од мечот.

Токму Шортс со 16 поени, 3 асистенции и 4 скока е лидер на Македонија, а него го следи Стојановски со 11 поени и 5 скока. Со 6 поени Фреј ги предводи Норвежаните.

Се вчитува...