Алмерија приреди големо изненадување во 23. коло од шпанската Ла Лига, земајќи го скалпот на лидерот Барселона со минимален триумф од 1-0, само втор пораз на каталонскиот гигант сезонава на шпанската фудбалска сцена. Барса имаше одлична можност со триумф вечерва да се одлепи на „плус десет“ во однос на Барселона, но напорните дуели со Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа оставија трага, Барса одигра далеку под своите можности и претрпе пораз од аутсајдерот.
Како клучен момент се покажа одличната акција на домаќините во 24. минута што почна од сопствената половина, по што со две додавања Туре се најде осамен во шеснаесетникот и го матираше Тер Штеген за водство од 1-0.
Очекувано, Барса тргна во офанзива во второто полувреме, но избраниците на Чави немаа сили да се преселат целосно во противничкиот шеснаесетник, а од кружењето околу него не видоа премногу корист, на крајот губејќи го мечот со минимални 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

