Знаеш дека си фраер ако ти аплаудира и Алекс Фергусон (видео)

Ерик тен Хаг заслужува само комплименти за начинот на кој го воскресна Манчестер Јунајтед, откако холандскиот стратег денеска го донесе првиот трофеј на „Олд Трафорд“ по пауза од речиси шест години.

Пехарот е од лига-купот, но тоа е најмалку важно, најзначајно е што Тен Хаг експресно успеа да изгради тим со карактер и победнички дух, за кој нема дилема дека во иднина ќе се бори за сите трофеи на англиската фудбалска сцена.

А Тен Хаг по денешното финале на „Вембли“ беше пречекан со овации од членовите на клупската управа, но и од легендарниот Алекс Фергусон, од кого Холанѓанецот има безрезервна поддршка од првиот ден кога пристигна во Манчестер.

Се вчитува...