Ракометарите на Алкалоид во третиот обид стигнаа до првата победа во рамките од плејофот, славејќи над градскиот ривал Пролет со резултат 27-21.
Не е тајна дека Кире Лазаров и неговите избраници ќе настојуваат да обезбедат излез во ракометна Европа, а за такво нешто ќе треба да продолжат со добри изданија како ова денешното. Пред Алкалоид се нови предизвици до крајот на сезонава, а Лазаров е свесен дека победничкиот карактер што него го красеше како играч ќе мора што поскоро целосно да го пренесе врз своите ракометари.
Пролет иако значително подмладен има блесоци во кои го покажува потенцијалот, а искуството што младите ракометари го добиваат сигурно ќе биде драгоцено за подобри резултати во наредните сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА