ПСЖ неочекувано лесно и убедливо го декласираше Олимпик среде Марсеј со 0-3, меч во кој можеше да се проследи фудбалско шоу на Лео Меси и на Килијан Мбапе. Домаќините беа максимално мотивирани повторно да го совладаат ПСЖ откако претходно ги елиминираа „светците“ од националниот куп, но овојпат тимот од главниот град беше подготвен за предизвикот и рутински стигна до победата.
Мбапе беше стрелец на првиот гол, откако Меси одлично го проигра во простор, а францускиот ас прецизно биеше во долниот агол од голот на Олимпик. Само неколку минути подоцна Мбапе ја возврати услугата, маестрално асистираше, а Меси немаше проблеми од непосредна близина да го постигне својот 700. гол во клупската кариера.
Конечните 0-3 беа поставени во второто полувреме, по добро познатото сценарио – Меси асистираше зад противничката одбрана, а Мбапе со прецизен волеј удар стрелаше прецизно во мрежата.
Мора да се истакне и дека ПСЖ во првото полувреме остана без дефанзивецот Кимпембе, кој заработи тешка повреда без контактт со противнички играч и на носилки беше изнесен од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА