Арсенал испратил понуда за Милинковиќ-Савиќ

Лидерот во Премиер-лигата Арсенал испратил понуда до Лацио за српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тоа го октрил агентот на фудбалерот, Матеја Кежман. Наводно понудата била во висина од 35 милиони фунти. Арсенал не е единствениот клуб кој е заинтересиран за Србинот. За него има интерес и од Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Њукасл кои го сакаат во своите редови.

Договорот на фудбалерот кој денеска полни 28 години е до летото 2024 година. Во 324 меча за Лацио, има 64 гола и 59 асистенции. Од Италија стигнуваат информации дека самиот играч веќе сака да ја смени средината, и да замине во друга земја.

Популарниот „СМС“ и во минатото секогаш се поврзуваше со трансфер во големи клубови, меѓутоа секогаш на крајот остануваше во Лацио. Ова лето е последна можност римскиот тим да го продаде и да заработи нешто од него.

Се вчитува...