Лазаров со список за Португалија: Македонија без Манасков и без Георгиевски по прво место во групата

Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот двомеч со Португалија во рамките од квалификациите за ЕП 2024. Она што веднаш во паѓа во очи е изоставувањето на искусните Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кои нема да бидат дел од националниот тим во мартовскиот квалификациски циклус.

Манасков се наоѓа во одлична форма и беше прв стрелец на последниот дуел со Бутел, така што речиси сигурно не станува збор за никаква повреда.

За очекување е во следните денови Лазаров да го скрати овој поширок список, објавувајќи кои ракометари ќе треба да се појават од стартот на подготовките за пресметките со Португалија.

Двете селекции имаат по максимални две победи по првите две рунди, така што двомечот меѓу Португалија и Македонија ќе го даде и одговорот на прашањето која од овие две селекции ќе биде првопласирана во групата, ако се знае дека пласманот на ЕП е речиси осигуран по само две комплетирани кола.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Португалија ќе се игра на 9 март во Скопје, а реваншот е закажан за 12 март во Порто.

Се вчитува...