Ибрахимовиќ: Не запирам следната сезона, ќе ме гледате и по неа

Златан Ибрахимовиќ се врати на терените по речиси една година пауза поради тешката повреда и настапи на натпреварот против Аталанта во кој „росонерите“ славеа со 2-0.

Шведскиот ас со балканско потекло настапува на 41-годишна возраст, а вели дека нема намера ни да престане да игра. Доколку и понатаму е расположен нема да го гледаме на зелениот терен само во сезоната која следи, туку и по неа.

„Се чувствувам како Никола Јокиќ во НБА. Подготвен да ви дадам поклон. Ако се чувствувам како денеска ќе продолжам да играм уште неколку сезони, не само следната година“, изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...