Пол Погба оваа сезона се врати во редовите на Јувентус, но се уште не ги забележа првите минути во официјалните натпревари на торинскиот клуб. А, тоа може да се промени на утрешното градско дерби против Торино.
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри потврди дека францускиот репрезентативец ќе биде дел од тимот, а ако има потреба ќе се најде и на теренот.
„Се чувствува добро и ќе биде во протоколот за дербито. Ако има потреба ќе добие и минутажа. Во секој случај нема да може да одигра многу минути. И Киеза конечно започна со тренинзи, но тешко дека ќе биде стартер“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА