Ашраф Хакими обвинет за обид за силување во Париз!

Француската полиција денеска отвори истрага против Ашраф Хакими откако фудбалерот на ПСЖ беше обвинет за обид за силување на 23-годишна девојка.

Таа пристигнала во полициска станица каде што изнела низа докази против мароканскиот репрезентативец, обелоденувајќи дека почнале со комуникација на 16 јануари преку социјалните мрежи, а набрзо потоа се договориле и за прва средба во живо.

Хакими ја повикал девојката во својот дом кога неговата сопруга и двете деца биле на годишен одмор во Дубаи, повикувајќи и Убер такси што тој самиот го платил. Како што јавува весникот „Паризиен“, во куќата на Мароканецот таа го одбила асот на ПСЖ, по што Хакими извршил сексуален напад врз 23-годишната девојка. Таа во полициска станица во Булоњ дала изјава во која јасно ставила до знаење дека била сексуално нападната од Ашраф Хакими, барајќи спроведување на истрага за силување.

Полицијата веќе отворила случај, а по собирањето на сите неопходни докази ќе биде обелоденето дали ќе следи и судски процес против фудбалерот.

Се вчитува...