Лацио ја продолжува трката за место во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 24. коло славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Сампдорија.
Херојот беше Луис Алберто кој го постигна победоносниот гол во 80. минута по неверојатниот удар надвор од шестнаестникот.
Luis Alberto 😮💨pic.twitter.com/yb64I0axK6
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) February 27, 2023
Со овој триумф Лацио стигна до 45. освоен бод во сезоната и сега има бод повеќе од петтопласираната Рома, односно два бода помалку од Интер и Милан кои го делат второто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА