Мајами ја освои Филаделфија, Њујорк подобар од Бостон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами Хит славеа на гостувањето кај Филаделфија 76 со 99-101 во најинтересниот натпревар од изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига во светот НБА.

Џими Батлер кој беше стрелец на клучните поени за победа на Хит го заврши натпреварот со 23 поени, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Џоел Ембид.

Њујорк Никс на домашен терен изненадувачки лесно славеше над Бостон Селтикс со 109-94 кој беше без услугите на Џејлен Браун, а слаб натпревар имаше и првата ѕвезда Џејсон Тејтум. Квикли и Рендл со по 23 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените еден помалку уфрли Малколм Брогдон.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Детроит 117-106 и Њу Орлеанс – Орландо 93-101.

Се вчитува...