Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба доживува „пекол“ од навивачите на „кралевите“ поради тоа што го дал својот глас за Лионел Меси во изборот на ФИФА за најдобар во светот во 2022 година. Со тоа го навлече гневот кон себе, и сега се соочува со вистински „линч“ од страна на навивачите.
Алаба морал да се правда зошто го дал својот глас на Меси, а не на својот соиграч Карим Бензема, кој исто така беше во конкуренција за најдобар фудбалер.
„Националниот тим на Австрија гласаше така како тим, а не само јас. Сите во тимот имаа можност да гласаат, и така е одлучено. Јас само ги пренесов гласовите. Сите знаат, особено Карим, колку го ценам него и неговите квалитети и често му зборувам дека за мене е тој најдобриот напаѓач на светот. И тоа е така и понатаму, без сомневање“, напиша Алаба на „Инстаграм“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА