Манчестер Јунајтед по речиси шест години пауза конечно освои трофеј, навивачите го слават успешниот старт под водство на Ерик тен Хаг, но Пеп Гвардиола не е премногу импресиониран по пехарот во лига-купот што заврши на „Олд Трафорд“.
Стратегот на Манчестер Сити не ја пропушти можноста и за малку сеир на сметка на градскиот сосед…
„Му честитаме на Манчестер Јунајтед за освојувањето на пехарот во лига-купот. Добредојдовте меѓу победниците, порано или подоцна и тоа мораше да се случи, зарем не… Ако Јунајтед потроши малку повеќе пари, може и да се вмеша во трката за титулата. Бидејќи досега не потрошија многу, зарем не“, иронично прокоментира Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА