Легендарниот кошаркар Чарлс Баркли го крена гласот против се поголемиот тренд ѕведите на НБА тимовите да одмараат со пропушање на неколку натпревари од напорната сезона која во регуларниот дел брои 82 меча во седум месеци.
Баркли вели тоа е знак на непочит за луѓето кои издвојуваат тешко заработени пари само да ги гледаат омилените играчи, а напраи и компарација со луѓето кои работат во фабрика.
„Мислам дека навивачите не се лутат ако заработувате 30, 40, 50 милиони долари. Но, не можете да заработувате 30, 40, 50 милиони долари и да пропуштате натпревари. Тоа е знак на непочит кон играта и кон навивачите кои плаќаат тешко заработена сума на пари само за да ве гледаат.
Тоа што e лудо е што со новиот ТВ договор ќе имате играчи кои заработуваат 70 или 80 милиони годишно. Тогаш навивачите ќе кажат: „Чекајте малку, заработувате 70 милиони и не можете да играте кошарка три или четири пати неделно?“ Имаат приватни летови и најдобри медицински персонал кој се грижи за нив. Не работат во фабрика. Сигурен сум дека и луѓето во фабрика се уморни, но тие одат на работа секој ден“, вели Баркли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

