Супер-сензација: Младинците на Хајдук го исфрлија големиот Манчестер сити и се пласираа во четвртфиналето на ЛШ

Јуниорите на Хајдук приредија голема сензација откако на „Пољуд“ го совладаа Манчестер Сити со 2-1 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од младинското натпреварување во Лигата на шампионите.

За „белите“ погодија Роко Брајковиќ кој пред само два дена играше и за првиот тим на дербито против Динамо Загреб на „Максимир“ како и Мате Антуновиќ. Оскар Боб постигна гол за Сити.

Хајдук од 83. минута играше со фудбалер повеќе откако бепе исклучен Финли Барнс.

Се вчитува...