Рафаел Надал го откажа учеството на првиот Мастерс сезонава, кој следниот месец ќе се игра во Индијан Велс. Тој играше во финалето на турнирот во 2022 година.
Надал моментално е осми играч во светот, а Хуберт Хуркач кој е 11. заостанува помалку од 300 поени, што значи дека популарниот Рафа после турнирите во Индијан Велс и Мајами ќе испадне од првите десет тенисери на АТП листата за првпат од 2005 година.
Поради ваквиот лош пласман на АТП листата, Шпанецот ќе има полоша позиција на носител, па не е нереално, на пример, тој и Новак Ѓоковиќ да се сретнат уште во осминафиналето на Ролан Гарос.
Three-time BNP Paribas Open Champion Rafa Nadal has withdrawn from the 2023 tournament due to injury.
“We wish Rafa continued healing, and hope to see him back at the BNP Paribas Open next year,” said Tournament Director Tommy Haas. pic.twitter.com/6TdzOT6qY9
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) February 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА