Македонската футсал репрезентација предводена од селекторот Васко Скендеровски го одработи официјалниот тренинг во Катанија пред утрешниот гостински натпревар против Италија во квалификациите за Светското првенство 2024.
Репрезентативците се подготвени за предизвикот против една од најдобрите европски селекции.
По првите два натпревари во квалификациите Македонија има едно реми и еден пораз во Групата 10 во која покрај Македонија и Италија е уште и селекцијата на Шведска. Избраниците на Скендеровски ремизираа (3-3) во Скопје со Италија а загубија на гостински терен со 5-2 од Шведска.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Италија во Катанија се игра со почеток од 20 часот.
Последниот квалификациски дуел за избраниците на Скендеровски е на 5. март против Шведска во Скопје.
По два натпревари, на чело на табелата во Групата 10 со 4 бода е Италија, Шведска е втора со 3 бода, а Македонија на третото место со еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА