Лејкерси се во голема неволја. И годинава не делуваат како плејоф тим, а во преостанатите дваесет натпревари во лигашкиот дел од сезоната извесен период ќе бидат лишени од помошта на Леброн Џејмс кој го повреди скочниот зглоб на мечот против Далас.
Лејкерси за две недели ќе ја проверат состојбата на повредениот скочен зглоб на Леброн, а се очекува дури тогаш да се знае уште колку недели тој ќе отсуствува. Џејмс, кој има 38 години, оваа сезона често имаше проблеми со повреди, но тоа не е главната причина зошто Лејкерси се само 12. на Западот со скор од 29-32.
Оваа сезона тој пропушти три натпревари пред Ол Стар паузата поради проблеми со стапалото и зглобот на левата нога. Тој отсуствуваше вкупно 14 натпревари оваа сезона, а Лејкерси победија една третина од натпреварите без него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА