Горан Драгиќ ќе може како слободен играч да ја избере следната дестинација во кариерата откако словенечкиот ветеран вечерва неочекувано доби отказ од тимот на Чикаго булс.
Иако од таборот на „биковите“ во изминатите седмици стигнуваа информации дека сериозно се смета на Драгиќ, денеска следеше шок за 36-годишниот плејмејкер, кому му беше кажано да си ги спакува куферите. Словенецот сезонава настапуваше по 15 минути по натпревар, во просеk имаше 6,4 поени на секоја средба, но „биковите“ се решија на ваков чекор откако на плејмејкерската позиција го доведоа и Патрик Беверли.
Се очекува Драгиќ да потпише договор со нов клуб од НБА-лигата, каде досега веќе ги бранеше боите и на Бруклин, Торонто, Мајами, Феникс и Хјустон.
Thank you & best of luck, @Goran_Dragic! pic.twitter.com/jiqgrPqFAM
— Chicago Bulls (@chicagobulls) February 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА