Кошаркарите на Мемфис и Милвоки запиѓаа победи во синоќешните НБА натпревари против Лејкерси, односно Бруклин. Далас, пак, беше поразен од Индијана и така му го расипа роденденското славје на Лука Дончиќ.
Неверојатна партија одигра Џа Морент и ги донесе Мемфис до победа против ЛА Лејкерс со 121-109. Плејот запиша трипл-дабл учинок со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, а во третата четвртина уфрли 28 поени, со шут 10/12.
Во екипата на Лејкерс го немаше повредениот Леброн Џејмс кој го повреди стопалото.
Јанис Адетокумбо уфрли 33 поени и забележа 15 скока во победата на Милвоки над Бруклин 118-104. Бакс со 44 победи и 17 порази имаат најдобар скор во лигата. Лука Дончиќ е поразен од Индијана, и покрај одличната партија со 39 поени на својот 24 роденден. Маверикс сега имаат скор од 1-4 откако дојде Кајри Ирвинг.
Никола Јокиќ имаше нова одлична партија, а неговиот Денвер славеше во Хјустон 133-112. Србинот дојде до 100-тиот трипл-дабл во кариерата, и стана само шестиот кошаркар во НБА Лигата кој дошол до оваа цигра. Србинот уфрли 14 поени, со 11 скока и 10 асистенции.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Вашингтон 116:119
Бруклин – Милвоки 104:118
Торонто – Чикаго 104:98
Мемфис – ЛА Лејкерс 121:109
Хјустон – Денвер 112:133
Оклахома Сити – Сакраменто 117:123
Далас – Индијана 122:124
Јута – Сан Антонио 94:102
Голден Стејт – Портланд 123:105
ЛА Клиперс – Минесота 101:108
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

