После караницата со четвртиот судија на мечот со Кремонезе, темпераментниот тренер на Рома Жозе Мурињо доби исклучување, трето во оваа сезона. Португалецот не можеше да ги смири емоциите, па приговараше кон главниот арбитар дека токму четвртиот судија е виновникот во оваа ситуација.
Мурињо сметаше дека судиите погрешиле кога не досудија прекршок, а експлодирал кога четвртиот судија наводно му кажал: „Гледај ја твојата е*ана работа“.
Тоа не се гледа на снимка, но се гледа како судијата му вели на Португалецот „Оди дома“. Мурињо после поразот истакна дека му се извини на судијата Пичини за реакцијата, но побара од четвртиот судија Сера да повтори што му рекол.
„Сера тврди дека не се сеќава, лаже, добро знае како ме навредуваше. Негова е грешката што сум исклучен. Којзнае, можеби ќе ни суди против Јувентус“, рече Мурињо.
😬 Le craquage de Mourinho, expulsé après avoir dégoupillé contre un arbitre !
🇮🇹 #SerieA pic.twitter.com/UM64qqQnR1— beIN SPORTS (@beinsports_FR) March 1, 2023
На крајот Мурињо го призна поразот од Кремонезе.
„Нема оправдување, натпреварот против Салцбург беше пред пет дена. Не сме уморни. Залужевно загубивме, и поразот нема никаква врска со она што се случи, односно со навредите кои ги примив од Сера“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

