Петар Ненадиќ пред трансфер во ПСЖ

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ би требало да премине во францускиот тим Пари Сен Жермен. Како што пишуваат специјализираните ракометни медиуми, Ненадиќ треба да дојде во Париз како замена за Никола Карабатиќ, кој ќе паузира подолг период поради здравствени проблеми.

Ненадиќ има 36 години, а неодамна го раскина договорот со унгарски Веспрем, откако тренерот Момир Илиќ го суспендираше поради недисциплина. Ненадиќ ја започна својата кариера во Црвена Звезда во 2003 година, како 17-годишник, а потоа играше за Алгесирас и Барселона во Шпанија, Сегед, дански Холстебро, полска Висла и германски Фуксе пред да се приклучи на Веспрем во 2018 година.

Во 2019 година беше прогласен за најдобар ракометар во Европа, а беше и МВП на СЕХА регионалната лига во 2021 година. За српската репрезентација со која беше вицешампион на Европа во 2012 година постигна 213 гола на 78 настапи.

Се вчитува...