Манчестер Јунајтед по речиси шест години конечно се закити со нов трофеј. „Црвените ѓаволи“ славеа во финалето од Лига Купот против Њукасл Јунајтед за само прв трофеј откако клубот под водство на Жозе Мурињо, воедно и прв трофеј во ерата на Ерик тен Хаг.
Холандскиот стратег не го криеше задоволството од освоениот трофеј, но вели неговите фудбалери не се задоволуваат само со него и се „гладни“ за нови успеси.
„Овој тим е многу амбициозен и може ментално да се носи со притисокот. Сите во екипата даваат енергија. Мислам дека сме во вистинска насока. Тоа што го гледам во соблекувалната е дека и покрај овој трофеј играчите не се задоволни. Тој ни служи само како инспирација. Ова дефинитивно не е нашиот лимит. Сакаме повеќе трофеј, ги сакаме сите трофеи“, вели Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

