Нова ера во Атлетико: Симеоне заминува, доаѓа Луис Енрике

Поранешниот селектор на Шпанија и екс тренер на Барселона, Луис Енрике би можел да го презеде кормилото на Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната. Енрике е без работа после Мундијалот во Катар кога поднесе оставка од селекторската позиција на Шпанија по елиминацијата во 1/4 финалето од Мароко.

Тој после тоа најави одмор, а беше поврзуван и со селекторската позиција на Бразил.

„Ел Чирингито“ најави дека Енрико ќе го преземе Атлетико по завршувањето на сезоната, откако овој тим ќе му понуди договор, а Диего Симеоне ќе си замине по завршувањето на сезоната.

Оваа сезона „јорганџиите“ не се во битка за титулата, а се борат за пласман во ЛШ. Не се ниту во Европа, откако беа елиминирани од Лигата на шампионите.

Се вчитува...