Екипата на ПСЖ го совлада тимот на Веспрем минимално со 37:35 во дербито во Лигата на шампионите. Мечот во Париз беше спектакуларен, откако Парижаните успеаја да се вратат и од негатива од 9 разлика која ја имаа во првиот дел, и на крајот да слават.
Веспрем одигра одлично прво полувреме, во кое беше цело време во водство, но успеа да го „прокоцка“ она највисокото од девет, па на полувреме замина со пет. Меѓутоа ПСЖ не само што се врати, туку и поведе со четири разлика (34-30). Но, Унгарците се вратија и од таа негатива и успеаја да израмнат (34-34). На крајот избраниците на Раул Гонзалес беа со посилни нерви, и славеа победа.
Пранди со седум гола беше најефикасен кај ПСЖ, додека најефикасен воопшто на средбата беше Пешмалбек од Веспрем со осум гола.
ГОГ со 33:28 го совлада составот на Загреб, додека Алборг полесно од очекувањата дојде до победа на гостувањето кај Целје. Елверум и Кил одиграа интересен меч кој заврши без победник 26:26, а без победник заврши и мечот Пик Сегед – Нант 28:28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА