Арсенал направи нов чекор кон титулата во Премиерлигата, откако вечерва на свој терен го совлада составот на Евертон.
„Топчиите“ на крајот славеа убедлив триумф. Арсенал во голема мера го реши прашањето околу победникот во последните пет минути од првиот дел. Најпрво Сака во 40. минута донесе водство, за потоа во 45. минута Мартинели зголеми на 2-0.
Одегард во 71. минута донесе и водство од 3-0 за лидерот на табелата, а потоа Мартинели донесе и уште поубедливи 4-0. Арсенал со оваа победа направи предност од пет бода пред Манчестер Сити.
„Топчиите“ му се одмаздија на Евертон за оној пораз на „Гудисон“ пред неколку недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

